Не очекува блага зима

Оваа зима се очекува да биде со натпросечни температури и количини на врнежи во однос на многугодишниот просек 1981-2010 година, покажува сезонската прогноза на УХМР изработена врз основа на анализите на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и други светски прогностички центри.

Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морињата во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како на поголемиот дел од Европскиот континент, така и на температурите на воздухот во Северна Македонија.

Температурите на воздухот во земјава за период декември 2021 – јануари 2022 – февруари 2022 имаат поголема веројатност да бидат натпросечни, со позитивно отстапување од околу 2°Ц од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источниот регион на Северна Македонија.

Се очекува просечно врнежлива зима, со мала веројатност за позитивно отстапување во Источниот Регион на Северна Македонија и мало подпросечно отстапување во западниот дел.

Просечната температура за зимата (декември-јануари-февруари) за период 1981-2010 година се движи од -1,5 °Ц измерена на метеоролошката станица во Маврово, до 5,0 °Ц измерена во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 мм измерени на МС Штип до 319,4 мм измерени на метеоролошката станица во Лазарополе.

Просечната температура на воздухот измерена на метеоролошката станица во Скопје изнесува 2,0 °Ц, а просечната количина на врнежи 110 мм.

Претходна вестДевет починати во 24 часа и уште 7 од претходно – нови 375 случаи со ковид
Следна вестШто точно одлучи македонско-бугарската комисија за Св. Климент Охридски?