Не сакаме лаги како на претходните избори, што немаат намера да прават-нека не ветуваат

Повторно се засилува политичкиот антагонизам и надмудрување. Следат претседателските избори. А, всушност, кога го немало антагонизмот во македонското општество? А, всушност, имало ли време во Македонија кога немало силна политичка капмања? Не.
Затоа, скопјани овој пат имаат јасни пораки до партиите кои ќе истрчаат на први април и официјално ќе ја започнат кампањата за претседателските избори. Ова ќе биде 24-та изборна кампања што ќе ја слушаат и гледаат, и искуството од сите претходни им дава за право сега да бараат и да очекуваат, некои неприфатливи работи од порано повеќе да не се повторуваат.
– Најважно е да престанат да ни ветуваат и да не лажат за она што ако бидат избрани всушност немаат намера да го прават. Доста е од такви манипулации. На последните парламентарни избори едно ни ветија, а потоа, кога дојдоа на власт сосема друго направија, децидна е Радмила Христова.
Да потсетиме: редовна појава при секои избори се проблемите со избирачките списоци, со фантомските гласачи, со притисоци, па се до поткупи…
– Ова сега мора да се надмине. Нели влегуваме во ЕУ и НАТО, а таму била демократијата, порачуваат скопјани кои деновиве ги анкетираше „Скопско ехо“ прашувајќи ги за тоа што сакат да видат, а што не, во текот на престојната изборна кампања.
За пензионерот Перо Миленковски посебно важна е регуларноста на изборите. Тој уште се сеќава на последниот референдум на кој се случи и неславниот рекорд во текот на кој на едно гласачко место за половина час гласале преку 300 гласачи, односно, на секои пет секунди по еден, што реално не е можно туку значи дека се случувале одредени манипулации.
– Нерегуларности од таков тип не сакам да видам на претстојните избори, потенцира Миленковски….

Што бараат граѓаните:
-Кандидатите да го ветуваат само она што ќе го прават
– Мирни, фер и регуларни избори
– Да нема валкана кампања
– Да нема поткуп и притисоци врз гласачите
– Медиумите да не злоупотребуваат и да не се злоупотребени

Целиот текст може да го прочитате во бесплатниот неделник СКОПСКО ЕХО