Не сообраќаат возови на линијата Скопје – Табановце, немало машиновозачи

Возовите не сообраќаат на железничката линија Скопје – Табановце а причина за тоа е недостиг на машиновозачи. Ова е објаснување кое денеска го даде ЖРСМ Транспорт АД-Скопје по поплаките на граѓаните од ова подрачје во кумановскиот регион. Кумановци и жители на соседните села, пред сè Табановце и Романовце, се жалат дека извесен период немаат железнички превоз кон Скопје.

Од македонски железници во кусото соопштение информираат дека линијата Скопје – Табановце – Скопје е во прекин.

– Линијата Скопје – Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостаток на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје – Табановце – Скопје да се нормализира во август 2022 година, кусо информираа од ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

Кумановци и жителите на селата кои патуваат за Скопје укажуваат дека имаат и месечни билети и дека ќе бараат поврат на средствата. Тие бараат побрзо решавање на проблемот, бидејќи цената на дневниот билет и повратна карта со воз е поевтина од цената за превоз со автобус.

Претходна вестМицкоски му одговори на Вархеји: Некој друг ја премина линијата на здравиот разум
Следна вестПетмина коњаници-католици од Источен обред од Радово за првпат на пат кон Крушево