Не стојат убаво електрични радијатори до оние од парното

Стегна зимата. Температурите деновиве отидоа во минус, греењето по домовите мора да се зголеми за разлика од претходниов период кога имаше невообичаено топло време. Дали и радијаторите од парното во Скопје станаа потопли?

Во Аеродром има поплаки дека не е доволно топло, за тоа ни пишаа и неколку аеродромци. Разговаравме и самите со неколкумина:

-Не е доволно греењето фалат 2 -3 степени повеќе. Што да правиш – штедат на нас, ни истакна жител на оваа општина кој живее во близина на ТЦ „Бисер“.

-Има парно, ама слабо е и тоа сега кога нагло залади се приметува повеќе. Вадевме од подрум електричниот радијатор за да дозагрее, ни вели друг граѓанин.

-Еве, веќе неколку дена откако дојде студеното време дома мора да одиме со џемпери. Очекував дека греењето ќе се засили со ладното време, но ајде да видиме од понеделник може за викендот не реагирале, ни вели аеродромец кој живее кај „Мајчин Дом“.

Еден наш соговорник е задоволен од парното оти можело и воопшто да нема греење:

-Не е доволно парното, ама задоволен сум што воопшто го има во оваа криза. Не сум задоволен само што цената ја покачуваат.

ЕСМ „Снабдување“ кое е дел од државната компанија АД ЕСМ и која треба да се грижи за затоплување на вкупно 62.000 потрошувачи – е на потег. Треба да провери дали само на некои места инцидентно има послабо парно или пак треба секаде да се засили. Правилникот предвудува во домовите на граѓаните температурите да не бидат пониски од 20+1 степен Целзиусов. Кога надвор е поладно, потребата за греење на објектот е поголема, па радијаторите треба да се позагреани – вели логиката. 

Да се надеваме се ќе се среди. Не е добро и не е фер граѓаните ем да имаат и плаќаат парно, ем да мора и други грејни тела да користат при многу ладни денови или да одат по дома облечени како за на улица.

Претходна вестДоволно ли е само да напишеш осуда на Фејсбук за саботното вандалство и навреди кон Македонија?
Следна вестУкраинскиот министер за одбрана е сменет од функцијата под притисок на корупциски скандал