Не веруваме дека има помалку од 10.000 бездомни кучиња во Скопје

Со Венера Петкоска, активист за заштита на животните од Асоцијација на активисти за права на животните, зборуваме за состојбите со бездомните кучиња на подрачјето на Скопје, најавениот старт на ЈП „Лајка“…

 Градоначалникот Петре Шилегов неодамна изјави дека на подрачјето на градот се евидентирани околу 2.500 бездомни кучиња. Тоа е бројка значително помала од проценките кои досега се изнесуваа и од активисти за заштита на животните…

– Според наша проценка не веруваме дека има помалку од 10.000 бездомни кучиња на територија на Скопје. Знам дека кружеше некоја анкета подпомогната од Ветеринарен институт, дали нивните сознанија се базираат на тоа, јас навистина не би можела да кажам.

Наскоро се очекува стартот на Јавното претпријатие „Лајка“, на реконструираниот стационар „Вардариште“… Сметате ли дека со нив ќе се добие адекватна грижа за животните?

– Скопскиот градоначалник веќе со месеци/ години ја отвара „Лајка“. Можеби сте приметиле, последниве два месеци втор пат како дава изјава дека „Лајка“ ќе се отвори за 10/15 дена. Ние како активисти/ здруженија веќе неколку пати јавно кажавме дека не се сложуваме со програмата на „Лајка“, се тоа беше кажано уште на јавната презентација од страна на градоначалникот. Имаме еден куп забелешки, кои уредно им се предадени.

За работата на „Лајка“ не можам баш нешто конкретно да кажам, со оглед на тоа дека не е отпочната со работа. Но, тргнувајки од моментот кој ќе ја води „Лајка“, овде мислам на в.д. директорката, за која сигурна сум дека сте запознат дека бараме нејзина итна и неотповиклива оставка, не верувам дека работите ќе тргнат на добро. Но, останува да видиме. Ние остануваме на фактот дека немањето никаков контакт мегу „Лајка“ и активисти, тоа се луѓе кои имаат искуство на спасување животни по 10/15 години, никогаш работата нема да биде решена. Кога кажувам решена, мислам на хуман третман на животните, не на она што до сега сме биле сведоци.

 Што е најважно за да се реши проблемот со бездомните животни по градот?

– На ова прашање сме одговориле еден куп пати. И има неколку појдовни точки. Чипирање на домашни миленици. Казнување за нивно напуштање. Задолжителна стерилизација/кастрација. Знаете дека кутрињата на улица се производ на неодгворно сопствеништво. Тоа е факт.

За бездомната популација, решение, како што дел од земјите во Европа го имаат решено. Системски. Заловување, стерилизација/кастрација, враќање на местото на заловување.

Знаете ние не треба да измисуваме ништо ново. Некој веќе го нашол начинот, ние треба самп да спроведеме. Но, очигледно со години наназад како да не сака да се реши и спроведе ова.

Сведоци сме на примери на мошне свиреп однос кон животните од страна на некои граѓани – се фрла отров, се масакрираат животните со секири и слично… Како да се спречи ова?

– Имаме закон за благосостојба на животни, донесен 2007-ма година. Треба само да се спроведе на дело. Значи целото спроведување е во рацете на МВР. Тоа што кај нас убиството, труењето, малтретирањето на животни не е приоритет, тоа е до менталниот склоп на луѓево. Но, не го побива фактот дека МВР не спроведува закон на дело.

Претходна вестМора ли да се цртаат зградурини во ДУП-овите во Скопје?
Следна вестДвегодишно дете се удави во канал за наводнување