Не возеле брзо и не пиеле возачите низ Скопје

Успорија ли возачите во Скопје? Вчера сообраќајната полиција санкционирала само еден возач кој се движел со брзина поголема од дозволената што е невообичаен биланс за контролите на најфреквентните сообраќајници. Досега таа бројка е секогаш над 10 казнети.

И помалку се пиело пред воланот. Од сообраќај е исклучен само еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол.

Инаку, казнети се шест возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и две нерегистрирани возила. Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за не носење сигурносен појас, како и еден возач кој користел мобилен телефон за време на управување на моторно возило. Казнет е и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Фино е да се вакви бројките секој ден. Но да не е всушност работава во тоа што полицијата вчера била понежна?