Во второто тромесечје од годинава природниот прираст е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 проценти и изнесува 4.379.
Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4 760 и бележи намалување од 33.4 отсто во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови.
Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.