Неготинец одзел возило од скопјанец, за неколку часа полицијата го фатила

Приведено лице поради одземање ма туѓо моторно возило Имено, на 10.08.2022 во 12.30 часот на автопатот А1 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лицето Ѓ.М.(68) од Неготино, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“

Тој се сомничи дека неколку часа претходно во Скопје одзел патничко возило „шевролет авео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје.

По целосно документирање на случајот против Ѓ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестПелистер ќе конкурира на Алпите, само треба да се дадат уште 2-3 ветувања
Следна вестНови 600 случаи со Kовид-19 во Македонија, 10 починати