Неизвесно е дали ќе излезе од животна опасност вториот настрадан во тешката сообраќајка вчера

Дваесетиосумгодишниот Б.Ѓ. трагично заврши по тешката сообраќајна несреќа кај Катланово, на автопатот Скопје- Велес. Тој е мотоциклистот за кого брзо по несреќата медиумите објавија дека го загубил животот. Вториот мотоциклист е во животна опасност, за него уште нема информации дали здравствената состојба му се подобрува.
Заради трагичната несреќа, вчера од 13.15 часот, споменатата делница беше во прекин. Сообраќајката се случила на 2 километри по наплатната станица Петровец, а сообраќајот се пренасочуваше по стариот пат.