Некогаш специјален обвинител, сега затвореничка – Катица Јанева во „Идризово“

Катица Јанева попладнево била спроведена од домашен притвор на издржување казна затвор во затворот „Идризово“, објави порталот „Република“. Основниот суд во Гевгелија го издаде налогот со кој екс обвинителката на СЈО, Катица Јанева ќе ја издржува 7-годишната казна затвор.

Катица Јанева е осудена во предметот „Рекет“ за Злоупотреба на службената положба.

Вчера доцна попладне во Идризово беше однеен и Бојан Јовановски кој е осуден на 9 години за перење пари и рекетирање.

Играта на судбината сакаше токму шефицата на Специјалното обвинителство, Јанева, која ја гонеше поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која издржува правосилна пресуда, да и стане цимерка во затворот во „Идризово“. Инаку, Јанева и нејзината одбрана рекоа дека ќе бараат одлагање на извршувањето на решението за нејзино спроведување во затворот, но не наведоа од кои причини