Неколку серии на виршли Wudy итно се повлекуваат од продажба, имале бактерија Листерија

Итно повлекување на неколку серии на виршли Wudy од македонскиот пазар наредила Агенција за храна и ветеринарство. Причина е пронајдената бактерија Листерија во пакувањата на овој производ кој се увезува во Македонија.

-Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија – виршли од брендот Њудѕ, кај кои во земја членка на ЕУ било утврдено присуство на бактерија Листериа моноцѕтогенес СТ 155, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување на небезбедни серии од овој производ, соопшти Агенција за храна и ветеринарство.

Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3.030 килограми, кои се ставени под службен надзор.

-Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот, велат од АХВ во своето соопштение.

За небезбедниот производ преку РАССФ системот на ЕУ известила Италија, која врз основа појавата на труење предизвикано со патогената бактерија Listeria monosytogenes ST 155L ја креирала наведената нотификација која била поткрепена и со лабораториска анализа. Спорните серии од производителот Agricola Trevalli Soc Coap ARL од Италија во земјава биле увезени преку компанијата Колид С Тим од Колешино Струмица.

Се повикуваат потрошувачите кои ги имаат купено посочените серии од производот истите да не ги употребуваат, односно, да ги вратат на местото каде се купени.

Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

Претходна вестКовачевски во САД го фалел Охридскиот и Преспанскиот договор: Ние сме пример на мека дипломатија…
Следна вестВучиќ во ОН: Која е разликата меѓу суверенитетот на Украина и Србија?