Нема активни пожари во Македонија

20

На територијата на Македонија регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен, еден е ставен под контрола, а изгаснати се 10 пожари, јавуваат оц Центарот за управување со кризи.

Дождот кој врнеше во попладневните часови придонесе да бидат изгаснати и оние кои беа активни.

Под контрола е пожарот во општина Долнени, во селото Стровија, каде гори нискостеблеста шума.

Изгаснати пожари:

1. Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација)
2. Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума)
3. Општина Македонски Брод – с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
4. Општина Долнени – с. Лажани (ниска вегетација)
5. Општина Тетово – ул. 146 (сува трева и смет)
6. Општина Врапчиште – с. Добри Дол (запалена нива)
7. Општина Кичево – с. Цер (запалено ѓубре и ниска вегетација)
8. Општина Кичево – с. Челопеци (ниска вегетација)
9. Општина Делчево – с. Вратиславци (ниска вегетација)
10. Општина Виница – над Мебел Ви (ниска вегетација)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСДСМ сè уште без кандидат за Пробиштип
Следна вестНема повредени лица и пријавени штети по невремето, информираше ЦУК