Прашањето за минимална плата од 500 евра и за усогласување на останатите плати било отворено на седницата на Економско-социјалниот совет кој денеска заседаваше по неколкумесечна пауза, но ставот на Владата е дека за зголемување на минималната плата мора да се земат предвид и други параметри и да не се дозволи зголемување на инфлацијата.
На почетокот на седницата премиерот Христијан Мицкоски кажа дека Владата има јасна слика за реалната состојба во која живеат граѓаните, но дека стандардот не може да се подобри преку ноќ.
Од Сојузот на синдикати на Македонија изразија разочарување, посочувајќи дека минималната плата во земјава ќе остане најниска во регионов. Тие бараат Владата да покаже дека се грижи за работниците, a пратениците пред локалните избори да донесат брзи законски измени и да утврдат минимална плата од 500 евра.
Oд Организацијата на работодавачите, пак, тврдат дека сега не е време за зголемување на минималната плата оти, според нив, намалена е продуктивноста, а малите и средните претпријатија нема да можат да издржат покачување на минималецот.
По завршување на седницата, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши кажа дека Владата не може да зазема страна. И тој посочи дека треба да се имаат предвид сите параметри.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



