Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлуки за санкционирање на фудбалери, тренери и членови на стручни штабови од клубовите во Првата и Втората македонска фудбалска лига, по исклучувањата на последните натпревари.
Најстрога казна доби фудбалерот на Башкими, Реџеп Мурати, кој поради црвениот картон на натпреварот против Вардар ќе паузира четири натпревари. Поради исклучувања на истиот дуел, тренерот Имери Флурим и членот на стручниот штаб Љатифи Сазан добија забрана за вршење функција во траење од еден месец.
Едномесечна суспензија му е изречена и на Муарем Муарем од Работнички по исклучувањето на натпреварот од 19. коло во Првата лига против АП Брера. Иста санкција доби и тренерот на голманите на скопскиот клуб, Матеј Миленков, кој беше исклучен на истиот натпревар во Струмица.
Фудбалерот на Работнички, Никола Пејовиќ, поради црвениот картон во четвртфиналето од Купот на Македонија против Шкендија Арачиново ќе пропушти еден натпревар.
Во Втората лига, Лазе Гичев од Слога 1934 Виница заработи суспензија од два натпревари по исклучувањето на дуелот против Скопје.
Казни беа изречени и по натпреварот од Купот на Македонија меѓу Вардар и Охрид Лихнидос. Ромео Кочоски доби едномесечна забрана за вршење функција, додека неговиот соиграч Давид Матески ќе паузира еден натпревар.
Со забрана од еден натпревар санкциониран е и Горан Томоски од Беласица, кој беше исклучен на натпреварот од 16. коло против Охрид Лихнидос.НеНема милост з



