Темен режим Режим на светлина

Нема можност за евакуација по воздушен пат за македонските државјани во Изреал

Поради затворање на аеродромот и воздушниот простор во Израел, евакуацијата на македонските државјани преку Тел Авив е моментално невозможна, соопшти денеска Амбасадата на Република Северна Македонија во Израел.

– Во моментов нема услови за организирана авионска евакуација од аеродромот Бен Гурион. Сепак, граѓаните може да ја искористат алтернативната морска рута од пристаништето Ашдод до Лимасол, Кипар, преку компанијата „Mano Shipping“, информираат од амбасадата.

Следната достапна опција е патничкиот брод „Crown Iris“, кој според најавите ќе отплови од Ашдод на 27 јуни (петок) во 12:00 часот, со капацитет од 1.500 патници. Билети можат да се набават директно преку веб-страницата на компанијата „Mano Shipping“.

Амбасадата ги повикува сите граѓани кои немаат валиден пасош или патна исправа итно да се јават во дипломатската мисија во Тел Авив со цел да им биде издаден патен лист, кој ќе им овозможи напуштање на Израел.

Состојбата се следи со зголемено внимание, а граѓаните се повикуваат да останат во контакт со Амбасадата за понатамошни упатства и ажурирани информации.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Трамп потврди, САД бомбардираa три нуклеарни постројки во Иран

Следна објава

Вредноста на доларот значително порасна