Австриски и германски екстремисти предизвикаа паника кај жителите на Шипан, остров кај Дубровник, откако купиле повеќе недвижности — вклучувајќи го и главниот хотел во местото, кој подоцна го затвориле и го претвориле во приватна вила.
Купувачите, според мештаните, биле поврзани со неонацистички кругови, а на островот биле забележани „млади во црно кои тренираат во шумата”. Бил оштетен и партизанскиот споменик. Жителите се во страв, а хрватските институции засега се без коментар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



