„Непослушниот“ и невакциниран Ѓоковиќ не го пуштаат во САД да игра тенис

Новак Ѓоковиќ нема да може да настапува на турнирите во САД, бидејќи не е вакциниран. Неговото барање да му биде дозволен влез беше одбиено иако тамошната администрација кажа дека пандемијата е завршена.

Поради ова американската јавност е поделена, а меѓу првите кои реагираа беа американските сенатори Рик Скот и Марко Рубио. Бидејќи сметаат дека одлуката не е адекватна, двајцата сенатори напишаа писмо до шефот на државата, Џо Бајден.

– Почитуван претседателе Бајден, ни беше доставено соопштение дека нашата администрација го одби барањето за откажување од моментално задолжителната вакцинација на странските туристи за влез во САД, што го поднесе најдоброрангираниот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ. Ви пишуваме со намера да дозволиме негово ослободување кое е неопходно за г-дин Ѓоковиќ да се натпреварува на Мастерсот во Мајами кој ќе се одржи во Флорида на 19 март 2023 година, напишаа тие.

Во продолжение на писмото тие го потсетија Бајден дека и самиот признал дека пандемијата е завршена.

– Во септември 2022 година и објавивте на целата земја дека пандемијата на коронавирус е завршена, а претходно, д-р Ентони Фаучи објави научен напис кој ја покажува ограничената ефикасност на вакцините во заштитата од респираторни патогени, како што е овој вирус. Во светлината на овие променети околности, кои вие и вашата администрација ги признавте, сегашните ограничувања за странските патници кои влегуваат во САД изгледаат застарени и треба да бидат повлечени, велат тие во писмото.

Инаку, беше најавено дека од 11 мај престануваат забраните за влез на невакцинирани лица во САД, но претходно тоа очигледно не е дозволено.

Најдобриот светски тенисер, гледајќи така, би можел да игра на УС Опен, но не и на Мастерсот во Мајами и Индијан Велс. Логиката на ваквите одлуки ја коментираше иронично и остро, американскиот тенисер Џон Иснер.

– Не грижете се, на 11-ти мај ќе се смета дека е доволно безбеден за да влезе во Америка. До тогаш тој е премногу опасен. Не ја доведувајте во прашање науката, нашата влада беше во право со сè од самиот почеток на пандемијата на корона вирусот, напиша Џон Иснер со ироничен тон.

Од 11 мај, сите ограничувања во САД треба да бидат укинати и на невакцинираните странци ќе им биде дозволен влез во земјата па нелогичната забрана за влез на Ѓоковиќ е и помалку смешна. Како е можено Новак да биде опасен по здравјето на американските граѓани, а само неколку недели истиот тој Новак да не биде?

Според многумина во САД сето ова мириса на политика и желба на некои владеачки светски елити да го казнат Ѓоковиќ што не го послуша нивното барање светот да се вакцинира. Во шега, некои му предлагаат на врвниот тенисер, да си стави сомбреро на главата и да влезе од Мексико во САД како мигрант, кои исто така не се вакцинирани.

Претходна вестЗа еден ден казнети 156 возачи во Скопје, најмногу за брзо возење
Следна вестГрадоначалникот Муцунски не треба да кружи околу ветениот кружен тек кај ОУ „Блаже Конески“