Несреќа во Германија: Најмалку тројца загинати во излетувањето на возот од шините

Најмалку тројца патицни се загинати во железничката несреќа која денес претпладне се случила на југот на Германија. Медумите информираат дека има и поголем број тешко повредени. Несреќата се случила во близина на Гармиш-Партенкирхен, кога регионален воз полн со патници излетал од шините.

Како што соопшти полицијата, покрај тројцата загинати, над 60 се повредени, од кои 16 потешко. Според изјавите на сведоците, неколку вагони се превртеле и се излизгале низ железничкиот насип. Меѓу патниците имало и многу деца. Возот патувал на линија Гармиш-Партенкирхен – Минхен.

На помош на пожарникарите им дошле и припадници на германската војска и сојузната полиција кои се стационирани во тој дел на Германија за претстојниот самит на земјите од Г7 во блискиот Елмау.

Претходна вестРегистрирани 72 нови случаи на Ковид-19, двајца починати
Следна вест Бензините пак поскапуваат: Еуросупер БС 98 од полноќ чини 111,5 денари