Темен режим Режим на светлина

Несреќа во Скопје: 14-годишно девојче со тешки повреди

Наместо растеретување на сообраќајот, електричните тротинети, често создаваат создаваат нов хаос во Скопје Наместо растеретување на сообраќајот, електричните тротинети, често создаваат создаваат нов хаос во Скопје

Четиринаесетгодишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај во Скопје, при судир меѓу електричен тротинет и патничко возило, информира Министерство за внатрешни работи.

Несреќата се случила околу 14:55 часот на крстосницата меѓу улиците „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“, каде учествувале возило „хјундаи“ управувано од 55-годишен скопјанец и електричен тротинет „шаоми“, управуван од малолетничката.

По судирот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клинички комплекс „Мајка Тереза“.

Надлежните институции работат на утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

Во заедничка акција на полицијата, Македонец приведен во Србија

Следна објава
Автомобил удри пешак кај Чашка, пренесен во Скопје

Автомобил удри пешак кај Чашка, пренесен во Скопје