Нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максмалната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови процесите да бидат и поинтензивни. Максмалната температура ќе достигне до 27 степени.

Времето утре претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Од почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Претходна вестСо закана со нож ја ограбиле спомен куќата на Мајка Тереза
Следна вестЧетири кривични пријави за за пожарот во модуларната болница во Тетово