Нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (со брзина и над 70 км/час) и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ=7

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината процесите повремено ќе бидат и во форма на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Претходна вестБислимовски: Манипулациите на општините може да ја поскапат струјата за граѓаните за десет отсто
Следна вестФестивал на јапонската култура во Скопје