Нестабилното време нема да не остави и денеска и во наредниве денови

Сончево и топло време со умерена облачност претпладне и нестабилно време со услови за локален пороен дожд со грмежи, е денешна прогноза на метеоролозите за скопското подрачје.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 26 степени.

Во текот на следните денови се очекува речиси исто време – сончеви периоди претпладне и облачно со врнежи кон крајот на денот. Помали услови за нестабилност ќе има во петок и во сабота. Температурите на воздухот ќе останат на сегашно ниво.

Претходна вестШто ако прекршителите на самоизолацијата немаат пари да го платат државен карантин?
Следна вестКазни за 1.143 граѓани за неносење маски