„Невидлива жена и други раскази“ на Славенка Дракулиќ во МКЦ

„ Невидлива жена и други раскази“ е збирка раскази на Славенка Дракулиќ со која ќе биде отворен европскиот фестивал за литература „BookStar 2018“. Токму Дракулиќ е името избрано за отворање на фестивалот заради незиното хрватско потекло, европско реноме и шведска адреса – како што ја опишуваат медиумуите.
Збирката со месеци го држи првото место на бестселер листата на „Фрактура“, најголемата хрватска издавачка куќа.
Во рамките на фестивалот„ BookStаr“, ќе бидат претставени уште 6 мина европски и двајца домашни писатели, чие творештво загатнува актуелни и општествено ангажирани прашања , како што се: Џамал Уаријачи од Холандија, Офејгур Сигурдсон од Исланд, Михал Ајваз од Чешка, Антон Баев од Бугарија, Рику Корхонен од Финска, Енес Халиловиќ од Србија и нашите Живко Грозданоски и Јосип Коцев. „ BookStar 2018“ ќе трае до 21 ноември. Зад организацијата на фестивалот стои издавачот „Антолог“.