Невремето остави последици: Во Скопје паѓаа дрва и бандери, во Кочани и Виница оштетени кровни конструкции и градинарски култури…

Паднати дрва, поплавени улици, оштетени возила, откорнати кровови и уништени раноградинаски култури се последиците од невремето коешто вчера попладне го зафати Скопје, но и другите подрачја во Македонија. По попладневното невреме што го зафати Скопје на бројот за итни случаи пристигнале околу 40 пријави, а триесетина од нив се поврзани со паднати дрвја, бандери со струјни и телефонски кабли. Од Центарот за управување со кризи соопштија дека граѓаните пријавуваат паднати дрва, поплавени улици, оштетени возила, како и откорнати покривни конструкции.

Дел од пријавите за паднати кровови и дрва се во населбите Лисиче и Маџари, а поплавените улици се во скопски Чаир.

Во Кочани и Виница град оштети покриви, овошки и градинарски култури. Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури. По известување од линијата за итни повици 112 интервенираше и Територијалната противпожарна единица од Кочани.

– Околу 17:30 часот добивме дојава за пожар во двор на објекти во селото Жиганци, при што беа ангажирани еипи со две возила. Констатиранио е дека силниот ветер предизвикал краток спој на електричниот довод меѓу две куќи, по што настанал пожар во дворната површина каде што имало сува трева. Со навремената интервенција огнот е изгаснат и спречено е настанување на поголема материјална штета, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Пожарникарите успешно интервенирале и на гаснење пожар што се проширил од кочанската комунална депонија кај селото Бели, која чади неколку денови, при што огнот зафатил сува трева и нискостеблести растенија во околината на оваа локација.

Претходна вестПретежно сончево и многу топло
Следна вестОхридска спасителна служба спаси три лица кои се изгубиле на Галичица