“Незаборавна пролет во заборавено село” во „Синеплекс“

Најавуваниот долгометражен филм “Незаборавна пролет во заборавено село”, во сценарио и режија на Куштрим Бектеши, премиерно ќе биде прикажан на 29 март во киното “Синеплекс“.
Станува збор за филм кој е работен во копродукција со косовска и албанска помош, односно е во продукција на “Мануфактура продукција” (Македонија) со продуцентот Сашо Павловски, во копродукција со “Медиа енд филм продукција” (Косово) со продуцентот Мумин Јашари, “Скандал продукција” (Албанија) со продуцентот Генц Пермети, и “Скупифестивал” (Македонија) со продуцентите Музбајдин Ќамили и Осман Ахмети.
Снимен е во селото Ѓономаљ, во Општина Корча.
Улогите ги толкуваат повеќе актери од Македонија, Албанија, Косово и Бугарија.