Незаконски ловеле диви свињи, уапсени двајца мажи од Тетовско

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 10 минути ги лишиле од слобода 44-годишниот П.Ј. од тетовска Брвеница и 64-годишниот Љ.Л. од тетовско Фалише. Тие се уапсени поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, извести СВР Тетово.

– Тие се сомничат дека претходно, за одредена сума на пари, се договориле да му отстрелаат дива свиња и да му ја донесат на Љ.Л.. Дивата свиња, која била донесена со возило, е одземена и предадена на Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти СВР Тетово.

Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Претходна вестВо септември Македонија ја посетиле 124. 800 туристи
Следна вестСè повеќе Европејци ги чуваат африканските џиновски полжави како домашни миленици, а тие можат да предизвикаат менингитис и други болести