Независниот синдикат на полицијата со остра реакција кон Астрит Исеини

Секој полициски службеник ако згрешил треба да одговара, но за тоа во Министерството за внатрешни работи постои дисцплинска постапка преку која се утврдува одговорноста на полициските службеници, напиша на Фејсбук претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов.

Ваквиот јавен линч на полициските службеници од страна на политичарите без разлика дали доаѓа од Министерот или Заменик министерот исто така е пречекорување на нивните овластувања и ставање над законите, колективните договори и постапките. Полициските службеници се тие што не заслужуваат секојдневно да бидат вмешувани во разни политички конотации за своето постапување или не постапување. Вие сте тие што треба да бидете политичкиот штит на нападите кои доаѓаат кон нас и да не дозволувате политиката да се меша во полицијата, истакна Ефремов.

Полициските службеници сакаат да слушнат кога ќе добијат повисоки плати во процент како вашиот, кога ќе бидат набавени нова униформа и возила согласно правилниците и до кога ќе бидат последни во државата за привилегии, а први за осуда и критика, додава Ефремов.

Претходна вестМалолетник од Аеродром со остар предмет се заканувал на соученици
Следна вестПоради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на Ѓавато