Независните кандидати за градоначалници и листите на членови за општинските совети нема да имаат обврска да собираат потписи за претстојните осми локални избори што треба да се одржат на 19ти октомври прв и втори ноември втор круг, по потпишувањето на решението од спикерот на законодавниот дом Африм Гаши.
Претседателот на државната изборна комисија Борис Кондарко потпирајки се на членот 60 од изборниот законик вели дека нема право никому да му го ускрати уставно загарантираното право да учествува на избори, да бира и да биде биран.
Поранешната советничка во град Скопје Софија Куновска со реакција на социјалните платформи која вели дека локалните избори биле распишани без решение за уставно – правната празнина за начинот за собирање граѓански потписи за независни кандидатури за градоначалници и советнички листи, а партиите ги именува како „сложени попови и во петок мрсат“.
Софија Куновска – поранешен член во совет на град Скопје
– СДСМ, кој дојде на власт во 2017 на рацете на граѓанските организации кои беа предводници на “Шарената револуција” и ВМРО-ДПМНЕ кој прогласи победа во Скопје во 2021 преку поддршката за независната кандидатура на Данела Арсовска, сега се направија недоветни и им му го свртија грбот на целиот граѓански сектор. Дали ќе успејат или ќе го разгорат граѓанскиот оган до степен да нема гаснење, ќе покажат овие локални избори, но особено периодот по нив!
Претходно за телевизија 24 независната советничка и претседателка во битолскиот општински совет Габриела Илиевска од иницијативата Поинаку вели дека пратениците извршиле дискриминација на граѓаните и на независните кандидати со тоа што не ги донесоа потребните законски измени и се направи правен вакуум за независните листи.
Неодамна иницијативите „Шанса за центар“, „Независни за Карпош“ и „Зелени за Гази Баба“ незнаејќи како ќе се одвива ситуација почнаа да собираат потписи за регистрирање на партија, со порака дека платформата ќе биде отворена за проширување и можат да се приклучат и другите независни од земјава.
Независните со заедничка порака доколку партиите немаат проблем со независните зошто има разлика во бројот на потписи за формирање партија е потребно 1000 потписи наспроти независна листа или пак за градоначалник на пример за градот Скопје се неопходни 3500.
Демократијата живее преку плурализмот, слободата на различни мислења и отворената, квалитетна дебата – тоа е единствениот пат што води кон вистински општествен напредок. Ограничувањето на демократијата неминовно води кон едноумие, ограничување на слободите и правата што кулминира со автократија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



