Ни отсуството на црвениот килим не помогна: „Оскарите“ полека го губат сјајот кај публиката

На вчерашното 95-то доделување на „Оскарите“ во Лос Анџелес, кое традиционално се одржува секоја година во организација на Американската академија за филмски уметности, организаторите уште еднаш се обидоа да го оддржат сјајот и гламурот на манифестацијата. Ѕвездите на вечерта се појавија во скапи одела и гламурозни тоалети, носејќи скап накит… ги следеа десетици фоторепортери, разни медиуми, новинари… Но, недостигаа ли гледачите блиску до екраните да го проследат сето тоа?

Се чини се помалку има од оние кои се грижат како помина оскаровската ноќ. Се помалку луѓе седат со часови да следат што се случува на доделувањето.  Статистиките не се на страна на некогашниот најгледан телевизиски пренос во светот.

Падот на гледаноста години наназад наводно се должи на младата популација која речиси и да не знае ништо постоењето на „Оскарите“  и важноста за оваа манифестација. Но, дали е само тоа причината?

Во обид да го сврти вниманието кон себе, организаторот се одлучи овој пат да направи промена, и тоа не било каква, по 94 години тој го смени симболот на „Оскарите“, фамозниот црвен килим, во боја на шампањ.

И успеа, со оглед на тоа дека покрај веста за филмот кој „собра“ 7 „Оскари“, втора вест за која најмногу се говори е онаа дека годинава нема црвен килим за славните.

Сепак, покрај „жолтеникавиот“ килим, она што ќе го несомнено ќе го одбележи ова 95-тоиздание е филмот „Everything Everywhere All at Once“ кој освои дури 7 статуетки. Признанија беа доделени во категориите за најдобар филм, женска главна улога – Мишел Јео, за женска и машка споредна улога односно за Џејми Ли Кертис и Ке Хуј Кван, потоа за монтажа,  најдобра режија и оригинално сценарио, а двете награди отидоа во рацете на Даниел Кван и Даниел Шајнерт.

Во категоријата за најдобра машка главна улога, „Оскарот“ отиде во рацете на Брендан Фрејзер за „KIt“, најдобро адаптирано сценарио според Академијата, го доби филмот „Women talking“ на режисерката Сара Поли. „Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби остварувањето „Im Westen nichts Neue“ од Германија. Филмот ги освои и наградите за кинематографија, продукциски дизајн и филмска музика.Награда за најдобар звук го доби филмот „Top Gun : Maverick“, а најдобри визуелни ефекти има „Avatar 2“.

За најдобар анимиран филм е прогласен „Pinokio“ на Гиљермо дел Торо, а за краток анимиран филм, „Оскарот“ отиде кај „The boy, the mole, the fox and the hors“ , а најдобар краток филм, според Академијата, е „Irish goodbye“, а доделени бе и уште многу други награди.

Во исчекување на 96-тото издание на некогаш најгледаниот ТВ пренос во светот, останува да се види како организаторите ќе успеат да го вратат сјајот на златните статуетки. Тоа сигурно не се прави само со промена на тепихот.

Претходна вестКако тргна Ковачевски можно ли е да заклучи дека на Македонија не и требаат избори?
Следна вестБарање: Бесплатниот превоз да важи и за средношколците од приватните училишта, за учениците со попреченост а налето за сите