Ни празникот не ги забави: 115 санкционирани возачи во Скопје, 69 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните сообраќајни контроли на скопското подрачје за време на државниот празник Илинден. Празните скопски улици, очигледно, беа уште поголем предизвик за несовесните возачи да возат побрзо од доволените 50 километри на час.

Имало и 11 мерки за возење без возачка дозвола и три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

-Изречени се и четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за користење мобилен телефон…, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Претходна вестСДСМ: Масовно и достоинствено одбележан Денот на Републиката
Следна вестЗахарова: Донацијата на тенкови од Скопје за Киев е голема грешка