Ние на папамобил пред телевизиските редакции

Вклучи телевизор ете ти го Папата, смени канал пак Папата… што биде бре луѓе со ова нашите телевизии минатата недела? Едно време се исплашив дека уредничињата во македонските телевизии решиле католик да ме прават. Ја разбирам дека дошол у Македонија голем гостин, ама претераа… Но, не претераа само они, целиот државен врв се шашардиса…, а ја мислев дека такво нешто не може да се деси дури и лично Исус да се симне на планетата и тоа баш у Скопје… оти многумина од уредничињата и властите се однесуват како ѓаволот да им е помил. Ама ете сум грешел, за Папата се направи таква еуфорија шо на моменти помислував дека ќе станеме убави и уредени и богати како Ватикан.

Е за шо бе уредничиња вака сеопфатно и целовремено не го прикажувате и зафркнатиот (од политичарите) живот и Македонецот? Да не треба да си купиме папамобил и да поминуваме пред вашите редакции? Ајде потсетете се на нас. Ако треба и во бело ќе се облечеме иако црна е реалноста…