Ниеден македонски универзитет не е во првите 1000 во светот на Шангајската листа

Нова Шангајска листа од 1000 најдобри универзитети во светот, и повторно нема ниеден македонски.

Од опкружувањето меѓу 400 и 500 место во светот е белградскиот, а во истиот ранг се љубљанскиот, загребскиот и атинскиот универзитет. Тој во Нови Сад пак се наоѓа на позиција меѓу 900 и 1000 место, а тој во Солун  на позциите меѓу 500 и 600 најдобро рангирани. Универзитетот  во Крит меѓу 600 и 700 место.

Највисоко котираат универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“ и „Беркли“.

Во последното рангирање објавено на 25 април, единствениот македонски универзитет кој го има на листата, „Св. Кирил и Методиј“ падна зa 20 места и сега се наоѓа на 1.964 место од 2.000 универзитети. Претходно забележа пад од 47  места.

Претходна вестПрофесорката Ванковска: Климент и Наум ги побугарчија…, се е по планот, на ред е Гоце, а потоа НОБ и АСНОМ…
Следна вестМладинска ликовна колонија од денеска до 18 август во Кочани