Никола Ѓорѓиев со својот тим Љубљана го освои Купот на Словенија

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓорѓиев, стигна до нов голем успех во кариерата. Со својот тим Љубљана тој го освои Купот на Словенија.

Во драматичен меч, Љубљана славеше со 3:2 во сетови (24:26, 25:22, 25:23, 22:25, 15:10) во финалето против Калцит Камник.

Следната цел на Ѓорѓиев ќе биде да ја предводи селекцијата на Македонија на Европското првенство на кое нашата земја е ко-домаќин во август.

Претходна вестМЗТ Скопје поразен од Мега
Следна вестФаќал келнерка за задникот, добил затворска казна