Темен режим Режим на светлина

Николоски очекува проблемот со македонските транспортери при влез во ЕУ да се реши најкасно до 30 септември

НИколоски очекува проблемот со македонските транспортери при влез во ЕУ да се реши најкасно до 30 септември НИколоски очекува проблемот со македонските транспортери при влез во ЕУ да се реши најкасно до 30 септември

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември, кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури.

„Во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30 септември. Значи веќе добивме одложување. Тоа е доволен период да се завршат сите процедури. Одиме на долгорочни визи. Швајцарија веќе ги воведе и веќе се издаваат. Во Хрватска законот е во Саборот. Очекуваме за неколку седмици да биде усвоен. Во Романија влезе во процедура. Во Унгарија добивме ветување при последната посета дека по завршување на изборите и формирање на Парламентот, исто така ќе влезе во процедура законот, рече министерот Николоски.

Тој најави дека во втората половина на април македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе одат во Австрија, каде на средбите ова ќе биде една од главните точки.

-Останува уште Германија и со тоа главните рути на македонските транспортери се решени. Сега како следната голема рута е Велика Британија, но имајќи предвид дека таа е надвор и од Европската унија и од Шенген зоната, таму има посебни правила кои што и досега се применуваа, рече Николоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Филипче: Искрено се надевам, но не верувам дека оваа Влада ќе обезбеди помош за земјоделците

Филипче: Искрено се надевам, но не верувам дека оваа Влада ќе обезбеди помош за земјоделците

Следна објава
Каде во Скопје денес ќе има прекини на струјата?

Каде во Скопје денес ќе има прекини на струјата?