Николоски: Со позајмицата од 500 милиони евра ќе го поддржиме стопанството и ќе ги развиеме општините

Министерот за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека условите за заемот од Унгарија се најдобри кои што воопшто можат да се добијат. Тој синоќа во дебатна емисија им порача на граѓаните да размислат дали било кој може да добие вакви услови во било која банка кога ќе појде стан да купувате.

-Под 5% нема камата и тоа треба јако да се потрудите, ај да не велам дека треба пријатели да имате во банката. Позајмицата е во износ од 500 милиони евра и тоа е голема сума, имаме три години грејс период што значи во тие 3 години не враќаме ништо. Вкупен рок за отплата се 15 години и каматата е само 3.25%, што е историски најниска камата. СДСМ земаше и ги враќаше за пет години, рече Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Министерот додаде дека преку економската соработка со Унгарија, земјава може да ја продлабочи соработката и да искористиме повеќе средства од овие 500 милиони евра.

Според него, тоа е одличен договор и покажува дека Унгарија е најдобар пријател на Македонија. Николоски тврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан во моментов е најголем пријател на Македонија во Европа.

Претходна вестГолем антиладин протест во Тирана, фрлани молотови коктели врз владата и градскто собрание
Следна вестТиквеш со спектакуларен пресврт до победа