Николов и Начевски го судат првото полуфинале на ЕП во ракомет

Referees at the Men’s EHF EURO 2020 Sweden, Austria, Norway - Final weekend -Final, Spain vs Croatia, Tele2 Arena, Stockholm, Sweden, 26.1.2020, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Македонската судиска двојка  Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на денешниот прв полуфинален натпревар на Европското ракометно првенство меѓу Франција и Шведска.

Натпреварот кој ќе го даде првиот финалист на Европското првенство во Германија е на програмата од 17:45 часот во Келн.

Николов и Начевски се меѓу најдобрите светски ракометни судии, а главни арбитри во финалето на претходното Европско првенство, како и во финалето на ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио.

Во второто полуфинале, домаќинот Германија ќе игра против Данска.

Распределбата на медалите е на програмата в недела, исто така, во Келн

Натпреварот за третото место ќе се игра од 15 часот, а големото финале од 17:45 часот.

Претходна вестМВР: Личните карти и возачки дозволи скопјани ќе ги добиваат по пошта
Следна вестСо трактори пред Владата: Гневните германски земјоделци повторно на протест