Николовски најавува дека Закон за легализација на дивоградби сепак ќе има?

Не смееме 50 илјади граѓани, семејства да ги оставиме без покрив над глава и ние мора да носиме одлуки, решенија на проблемите кои се генерациски, кои некој ни ги остави. Како што беше прашањето со името и многу други за кои влегуваме во нивно решевање и во овој поглед решенијата се или рушење на дивоградбите или соодветна правна законска рамка, изјави денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Николовски рече дека сега слуша оти шефот на државата не го потпишал Указот, но рече дека во ниту еден случај нема да ги руши тие објекти, без да прецизира како ќе се најде решение. Само најави дека ќе следи соодветна постапка.

-Кога претседателот нема да го потпише се враќа во соодветна процедура, владина или собраниска и секако дека сите забелешки во секој поглед треба да бидат земени предвид при носењето на новите одлуки и законски решенија, изјави Николовски.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, не го потпиша Указот на Законот за легализација на дивоградби, бидејќи го оценува како неуставен и спротивен на владеењето на правото и правната држава.

Сега Собранието има рок од триесетина дена за да го донесе повторно Законот за легализација нa бесправно изградени објекти, со најмалку 61 глас, или евентуално амандмански да интервенира во членовите за кои Пендаровски има забелешки. Ако Законот биде донесен повторно, Пендаровски би бил обврзан да го потпише.

 

Претходна вестВандализам: Оштетени и уништени спомен плочите за убиените бранители кај Вејце
Следна вестСе судриле три возила, повредени пет лица, меѓу нив и малолетник