Нина Андова-Шопова наградена со „Роман на годината“

„Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова, е избран за „Роман на годината“ за 2018. Свеченото врачување на наградата се предвидува за 10 април, во просториите на Културно-информативниот центар во Скопје. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“, а таа да падне во рацете на Шопова одлучи жири-комисијата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева. Во најтесниот избор за оваа награда беа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“) и „Маџун“ од Влада Урошевиќ („Магор“)