Ништо ново од ЕУ, останува нејасен критериумот по кој не оценуваат

24

EУ и вчера не кажа ништо ново за Македонија. Од Брисел го оценуваа напредувањето на нашата земја, ама пак повторија дека најважно им е додека напредуваме да го смениме и Уставот како што бара Софија.

Дури и не искараа дека како држава не сме презеле одлучни чекори за напредок во пристапните преговори во изминатата година. Па ни ставија и оценка – тројка. Не помогна тука ниту стопроцентното усогласување на Македонија кон надворешната и безбедносната политика на ЕУ. За Комесарите тоа очигледно не е доволно. Тие веќе заборавија дека и името на државата се менуваше за да оценката биде повисока како што ни ветуваа.

Од друга страна со војна зафатената Украина од ЕУ доби „петка” за како што рекоа – своите реформи и напредок во усогласувањето со европските стандарди.
Дефинитивно од ЕУ треба да ни го објаснат критериумот на оценување. Ист е за сите земји или за Македонија е малку поразличен?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСо полуподморница превезувале кокаин преку Атлантикот, португалската полиција ги уапсила
Следна вестФилипче: Економијата во стагнација, образованието е дебакл, институциите парализирани