„Низводно“ на Сибиновиќ во издание на „Восток“

Во издание на издавачката куќа „Восток“ деновиве излезе романот „Низводно“ на познатиот и наградуван српски романописец, поет и есеист Ѓорѓе Д. Сибиновиќ.
Станува збор за роман посветен на свеста на поединецот, наспроти текот на епохата.
-Двете светски војни, Југославија во создавањето на новиот човек и новите вредности, студентскиот протест и распаѓањето на епохата, прикажани низ призмата на семејството, членовите на семејството и поединецот Стеван Церовиќ. Во таквата трипартитна структура авторот истражува зошто пропадна таа епоха чии темели беа удрени на искреноста, трудот, пожтрвуваноста, колективот и заедницата. „Низводно“ е автобиографија за секој Балканец во дваесетиот век. За опстанокот после југословенскиот бродолом, симболично прикажан во пластичното шише од две литри кока-кола полно со валкан бензин, ќе рече рецензентката на романот, Елена Богдановска.