„Ноќ на боговите“ доаѓа во МНТ

На 10 мај, во Македонскиот народен театар ќе биде изведена претставата „Ноќ на боговите“ по текст на најизведуваниот хрватски драмски писател Миро Гавран, во режија на Марко Манојловиќ од Србија.
Во оваа трагикомедија играат српските актери Војин Ќетковиќ во улогата на Луј XIV, Дејан Луткиќ во улогата на Дворскиот шут и Небојша Илиќ во улогата на Молиер.
Оваа динамична драма на Гавран за љубовта, пријателството и владеењето во изминатите 25 години имала 19 театарски премиери низ светот.