Норвешка светски шампион: Германките паднаа дури во финишот

135

Женската ракометна репрезентација на Норвешка ја оправда фаворитската улога и ја освои титулата светски шампион, но до златото стигна потешко од очекуваното. Во финалето на Светското првенство, кое се играше во Холандија и Германија, Норвешка со 23-20 ја совлада исклучително мотивираната селекција на Германија и ја освои својата петта светска титула.

Иако на хартија важеше за аутсајдер, германската репрезентација одигра борбен и дисциплиниран натпревар, држејќи го резултатот неизвесен речиси до самиот крај. За Германија ова беше прво финале на големо натпреварување по 1994 година, а сребрениот медал воедно е нивен прв од 2007 година.

Натпреварот во Ротердам започна со подобра игра на Германките, кои изненадија со цврста одбрана и рано поведоа со два гола разлика. Посебно добро беше неутрализирана најголемата ѕвезда на Норвешка, Нора Мерк, што дополнително го отежна нападот на фаворитот.

Сепак, избраничките на Оле Еревик успеаја постепено да се консолидираат и да ја вратат рамнотежата, па првото полувреме заврши без победник – 11-11.

Во вториот дел Норвешка делуваше физички посилно, но Германија не дозволуваше резултатско одлепување. Клучниот момент се случи при резултат 20-19, кога Германките не ја искористија шансата за израмнување. Следеше казна – Норвешка постигна серија голови, се одлепи на плус три и го реши финалето во своја корист.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестСтабилно и сончево време низ земјава, магла наутро
Следна вестЗемјотрес од 3,3 степени во Скопје и околината