„Носферату, симфонија на стравот“ е филмот кој ќе го отвори фестивалот за нем и класичен филм

„Носферату, симфонија на стравот“ е филмот со чија проекција почнува Фестивалот за нем и класичен филм во среда на 31 август во Кинотека на Македонија. Се работи за филм на германскиот режисер Фридрих Вилхелм Мурнау од 1922 година, а во музичка придружба на Џијан Емин.

Фестивалот ќе трае до 7 септември, а на последната вечер, ќе бидат прикажани три етнолошки филмови во чест на проф. д-р Вера Кличкова, по повод 111 години од нејзиното раѓање.

Освен „Носферату“, ќе бидат прикажани и филмовите „Фауст“ и „Патување во ноќта“ на Мурнау.

Исто така, на ова издание на Фестивалот на нем и класичен филм ќе бидат прикажани и филмовите на Даглас Сирк, и тоа „Лили Марлен“, „Бракот на Марија Браун“, „Ефи Брист“, „Копнежот на Вероника Фос“ и „Марта“.

Претходна вестОколу 45 милиони евра ќе и даде државата на компанијата што ќе ја гради фабриката за електрични возила во Тетово
Следна вестПосле дождот, сонце – нова седмица, нова временска прогноза