Нов Европеец ни кажа да го смениме Уставот, кој е следниот што ќе дојде во Скопје?

Засилија, зачестија посетите на функционери од ЕУ или од држави членки на ЕУ во Македонија. Главна тема и порака до нас им е: Сменете го Уставот.

Денеска во Скопје е Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен. Тој смета дека внесувањето на Бугарите во Уставот не треба да се драматизира.

-Во парламентот ќе држам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат што стои долгорочно. Заштитата на малцинствата во Северна Македонија се подразбира, а следниот чекор (уставните измени) не треба да се драматизира, според мене, рече австрискиот претседател, пренесува Макфакс.

Тој посочи дека ги разбира реакциите на граѓаните поради новите услови од Бугарија, кои влегоа во преговарачката рамка, но посочи дека треба да се искористи моментот и да не се губи време.

-Јас имам огромно разбирање за фрустрацијата која е присутна во однос на преговорите со Унијата. Токму затоа е важно, овој момент, ова ново забрзување, зајакнатиот интерес на ЕУ, да се искористи и да не се изгуби дополнително време. Се надевам дека овој следен чекор треба да се реализира, додаде тој.

Дали ќе има нови и нови ултиматуми за Македонија, остана недоразјаснето. Околу ова не се многу разјасни и по посетите на Скопје на високиот преставник на ЕУ, Борел, како и при посетата на германската министерка за надворешни работи.

Претходна вестМаск и група експерти предупредуваат дека вештачката интелегенција може да биде опасна
Следна вестПапата Франциск доби признание „Морален лидер на денeшнината“ од Иванов и Школата за млади лидер