Нов оглас за професор и ново рангирање, се најде компромис во Математичко – информатичка гимназија

Преку ново рангирање со кое на работа е вратена една професорка и со распишување на нов оглас за прием на друг професор, се најде компромис за проблемите кои предизвикаа бојкот на наставата во Математичко-информатичка гимназија во Скопје. Учениците од третата година не ја следеа наставата незадоволни од начинот на којшто е спроведена постапка за избор на стручни соработници во училиштето.

На сајтот на училиштето каде се изучува математика, физика и информатика на напредно ниво, од вчера е ставен нов јавен оглас за ангажирање на професор за предметите Програмирање, Интелигентни системи и Напредно програмирање.

Ученичката Емилија Николовска за Радио МОФ изјави дека до објавувањето на огласот таа и нејзините соученици воопшто не ја посетиле наставата по овие три предмети.

-Ќе беа четири, но една професорка ни ја вратија по направен инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат. Беше извршено ново рангирано на професорите и неа ни ја вратија, изјави ученичката.

Николовска додаде дека сега немаат настава поради што трае процесот на ангажирање на нов професор за посочените предмети, а се надева и дека со огласот наскоро ќе добијат, како што рече, соодветен професор со кого ќе ја продолжат наставата по трите предмети.

За тоа дека бил извршен увид од Просветниот инспекторат во училиштето потврдија и од Министерството за образование и наука (МОН).

Претходниот месец, учениците од трета година одржаа протест пред училиштето, потоа со нивните родители и пред објектот на МОН кога побараа да им се вратат старите професори, истакнувајќи дека вработените на последниот конкурс не ги исполнуваат критериумите да предаваат во ова училиште.

Претходна вестЃоковиќ доби забрана за влез во САД, нема да игра на мастерсите во Индијан Велс и во Мајами
Следна вестОгромна грешка е што во Македонија има систематско уништување на патриотизмот