Нов почеток во Пробиштип – Тоневски најавува чесна и транспарентна работа

9

Со голема чест и одговорност, Тони Тоневски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пробиштип, нагласувајќи дека оваа позиција не е привилегија, туку обврска која се носи со посветеност и почит кон сите граѓани.

„Довербата што ми ја укажавте е моја најголема мотивација и обврска да работам чесно, транспарентно и посветено за доброто на сите граѓани и за секое делче од општината“, истакна Тоневски.

Новото раководство најавува период на конкретни промени, реализирање проекти и постигнување видливи резултати, со фокус на соработка со граѓаните, стручноста на администрацијата и конструктивноста на советниците.

„Верувам дека секоја вистинска промена започнува со љубов и посветеност кон местото каде што живееме. Следува период на промени, проекти и резултати – за Пробиштип каков што го заслужуваме“, порача градоначалникот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОд понеделник 55 автобуси се враќаат на улиците, уште 20 до Нова година, најави Орце Ѓорѓиевски
Следна вестГеолошките истражувања покажуаавт дека „Злетово“ има руда за најмалку уште 20 години