Темен режим Режим на светлина

Нов предлог за примирје во Појасот Газа

Хамас се согласи со предлогот на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави неименуван палестински претставник.

Новиот предлог предвидува ослободување на 10 израелски заложници во замена за 70 дена примирје, делумно повлекување од Појасот Газа и ослободување на одреден број палестински затвореници.

Предлогот предвидува ослободување на пет израелски заложници во првата недела од договорот и уште петмина пред крајот на примирјето.

Друг неименуван извор посочи дека Хамас и Израел го разгледуваат предлогот и оти ќе одговорат преку посредниците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мицкоски: Ќе купиме 120 електрични автобуси за чист воздух и модерна железница

Следна објава

Алкалоид ќе ги рефундира навивачите за неодиграното финале во ЕХФ Купот