Нов проблем во школството: Никој не сака да рецензира реформирани учебници по Историја

Иако цело лето се ветуваше дека оваа учебна година сите учебници ќе стигнат до учениците тоа еве и сега кога сме длабоко во ноември не се случи. За жал учебниците по Историја и општество за петто и за шесто одделение се уште ги нема во наставата.

Како најнова причина за тоа, од надлежните се истакнува дека “ракописите од авторските тимови се доставени до МОН, но не се јавуваат рецензенти на огласите за да ги прегледаат учебниците“. Министерството со допис неколку пати се обратило до сите соодветни факултети за да се јават професори што ќе ги рецензираат учебниците, ама…

-Очекувам дека во наредниот период, најбрзо што може, професори ќе се вклучат како рецензенти и нивните забелешки да бидат земени предвид од Националната комисија за учебници. Затоа ги повикувам сите професори, како што се вклучија за сите други учебници што ги завршивме, да се вклучат и за учебникот по Историја и општество, истакна министерот Јетон Шаќири.

Зошто никој не сака да ги рецензира учебниците кои се правени по теркот на министерството и неговата реформа?

Да потсетиме, и покрај многуте негативни реакции во јавноста и кај релевантни образовни институции, власта опстои на замислата посебно да го моделира предметот историја и по обем и по содржина.

 

Претходна вестСДСМ: Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје го уништи ЈСП
Следна вестТри лица тешко повредени во сообраќајка меѓу трактор и автомобил