Попладнево во тек нов протест во центарот на Скопје за смртта на Фросина Кулакова во организација на иницијативата „Кој е следен“.
Од пред универзалната сала во Скопје протестниот марш продолжи кон Собранието и судовите.
Стотици граѓаните се собраа обединети преку граѓанското движење „Кој е следен“ со барање до властите – неселективна правда и казни за прекршителите.
Таткото на Фросина на денешниот протест од пред Собранието побара Парламентоит да донесе построги закони, а надлежните институции активно да го следат нивното спроведување.
На денешниот протест насловен правда за Фросина поддршка дадоа и други родители кои ги загубиле своите деца во сообраќајни несреќи.