Филипини е во опсада од тајфуни. Откако минатата недела од тајфунот
Калмаеги загинаа стотици луѓе, синоќа ги погоди уште појак супертајфун
Фунг-вонг. Има загинати, исчезнати, а еден милион луѓе беа евакуираниат
пред една од најсилните бури што ја погодија земјата оваа година.
Бурата помина над северниот дел од најнаселениот остров Лузон, со
поројни дождови и ветрови од 230 километри на час. Ова е 21-ва бура оваа
година што ја погоди земјата.



